Матеј 26:21-23
Матеј 26:21-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека вечераа, Исус им рече: „Еден од вас навистина ќе Ме предаде!“ Оваа изјава ги нажали учениците и еден по еден почнаа да Го прашуваат: „Да не сум јас, Господе?“ Исус им одговори: „Еден од вас, што јаде од иста чинија со Мене, ќе Ме предаде.
Сподели
Прочитај Матеј 26Матеј 26:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“ Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде.
Сподели
Прочитај Матеј 26Матеј 26:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.“ И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?“ А Тој одговори: „Оној што ќе ја накваси - со Мене - раката во чинијата, тој ќе Ме предаде!
Сподели
Прочитај Матеј 26