Матеј 26:1-13
Матеј 26:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Завршувајќи со сите овие поуки, Исус им рече на Своите ученици: „Како што знаете, по два дена настапува празникот Пасха. Тогаш Мене, Синот Човечки, ќе Ме предадат и ќе Ме распнат на крст.“ Во тоа време, во резиденцијата на Првосвештеникот Кајафа се одржуваше состанок на свештеничките поглавари и народните старешини. Тие решија тајно да Го уапсат Исуса и да Го погубат. „Но не за време на празникот, за да не се побуни народот!“ заклучија тие. Исус се наоѓаше во местото Бетанија, во куќата на Симон, кој порано боледувал од лепра, кога Му пријде една жена, носејќи скапоцен мирис во шише од алабастер и го полеа врз главата на Исус, Кој седеше на поставената трпеза. На ова, Неговите ученици реагираа налутено, велејќи: „Зошто се прави ваква штета!? Мирисот можеше да се продаде за скапи пари, а парите да им се разделат на сиромасите!“ Исус го забележа тоа, па им рече: „Зошто ја прекорувате жената!? Таа направи едно љубезно дело за Мене. Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, но Мене нема секогаш да Ме имате. Излевајќи го овој мирис врз Моето тело, таа Ме приготви за погреб. Отсега, секогаш кога ќе се проповеда оваа Радосна вест, насекаде по светот ќе се спомнува и ова нејзино дело и ќе им се кажува на други, во спомен на оваа жена.“
Матеј 26:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои: „Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“ Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа, и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат; но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“ А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцен мирис и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата. И кога го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање? Зашто тој мирис можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“ Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене! Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, излевајќи го тој мирис врз телото Мое, Ме приготви за погреб. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“
Матеј 26:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус ги заврши сите тие беседи, им рече на Сво-ите ученици: “Знаете дека Пас-хата е по два дни, и ќе Го предадат Човечкиот Син, за да Го распнат.“ Тогаш големите свештеници и народните старешини се собраа во дворот на првосвештеникот, кој се викаше Кајафа, и се договорија да Го фатат Исуса на измама и да Го убијат. Но велеа: „Не на празни-кот, за да не се побуни народот.“ А кога Исус беше во Витанија, во куќата на лепрозниот Симон, Му се приближи жена, со сад од алавастер со скапоцено миро, па го излеа врз Неговата глава, додека беше прилегнат до столот. Штом учениците го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „За што е ова растурање? Оти тоа миро можеше да биде продадено скапо, и сребрениците да им се дадат на сиромасите!“ Но Исус го разбра тоа и им рече: „Зошто ѝ здодевате на жената? Таа Ми направи добро дело, зашто сиромасите ги имате секогаш со себе, а Мене Ме немате секогаш; зашто кога таа го излеа мирото врз Моето тело, го стори тоа за Моето погребение. Висти-на ви велам, каде и да биде проповедано Евангелието по цели-от свет, ќе се раскажува и тоа што го направи таа, за нејзин спомен.