Матеј 25:1-30
Матеј 25:1-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот. Петте од нив биле глупави, а другите пет мудри. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење. Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале. На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘ Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘ Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘ Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена. Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘ А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“ „Затоа“ заклучи Исус „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“ „Небесното царство може да се спореди со човек кој, пред да замине на пат, ги повикал своите слуги и им го предал својот имот да раководат со него. На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници, на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат. Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади. Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади. А слугата што добил илјада златници ги скрил златниците на неговиот господар, закопувајќи ги вземи. По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка. Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘ ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘ Потоа пристапил и оној што беше добил две илјади златници и рекол: ,Господару, ти ми довери две илјади златници; еве, со нив спечалив уште две илјади‘ ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘ На крајот пристапил и слугата што беше добил илјада златници и рекол: ,Господару, знаев дека си ти строг човек: жнееш каде што не си сеел и береш каде што не си садел. Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘ Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел, зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘ Затоа, земете му ги тие илјада златници и дајте му ги на оној што има десет илјади златници! Секој што спечалил нешто со она што му е доверено, ќе му биде дадено уште и тој ќе има изобилно. А на тој што не спечалил ништо со она што му е доверено, ќе му биде земено и она малку што го има. А бескорисниот слуга фрлете го надвор во темница таму каде што луѓето од мака лелекаат и чкртаат со сопствените заби!“
Матеј 25:1-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте неразумни. Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло; а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садовите свои и масло; и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!‘ Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!‘ А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘ А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘ И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“ „Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина. Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; и исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар. По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка. И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘ Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘ Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел, па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел, требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)
Матеј 25:1-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младо-женецот. Петте од нив беа нераз-умни, а петте мудри. Зашто нераз-умните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите све-тилници. Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’ Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки. А неразумните им ре-коа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите све-тилници ни гаснат.’ Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’ Кога отидоа да купат, младо-женецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. А потоа дојдоа и дру-гите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’ Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’ И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!“ “Зашто ќе дојде како човек, кој - тргнувајќи на пат - ги повика своите слуги и им го предаде својот имот, и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според неговата способност, и отпатува. Оној, кој прими пет таланти, веднаш отиде, и тргуваше со нив и спечали други пет. Исто така, и оној со двата таланти, спечали други два. А оној, кој прими еден отиде, ископа во земјата и го сокри среброто на својот господар. По долго време, дојде господарот на тие слуги и ја прегледа сметката со нив. И кога пристапи оној, кој примил пет таланти, донесе други пет таланти и рече: ‘Господаре, ми предаде пет таланти, а еве, јас спечалив и други пет.’ Тогаш неговиот господар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’ А кога пристапи оној, кој примил два таланта, рече: ‘Господаре, ми даде два таланта, а еве, јас спечалив други два.’ Тогаш неговиот гос-подар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’ А кога пристапи оној, кој примил еден талант, рече: ‘Гос-подаре, знаев дека си ти строг човек, жниеш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел; се исплашив, отидов и го скрив твојот талант во земјата. Еве, го имаш своето!’ А неговиот господар одговори и рече: ‘Зол и мрзлив слуго, знаеше дека жнијам, каде што не сум сеел и дека собирам, каде што не сум веел; затоа требаше да им го дадеш моето сребро на менувачите и јас - по враќањето - ќе го земев моето со добивка. Затоа, одземете му го талантот и дајте му го на оној, кој има десет таланти! Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има. А неполезниот слуга исфрлете го во крајна темнина; каде ќе биде плач и чкртање со заби.’“