Матеј 24:9-14
Матеј 24:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат. Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат. Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина. Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува си постудена. Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси. А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.“
Матеј 24:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади. А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
Матеј 24:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот; и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина. А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен. И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.“