Матеј 24:37-44
Матеј 24:37-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога ќе дојде Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное. Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа си до денот кога Ное влезе во бродот; и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки. Во тој миг, од двајца што ќе работат на нива, едниот ќе биде земен на небото, а другиот оставен; од две жени што ќе мелат во мелница, едната ќе биде земена, а другата оставена. Значи, бидете подготвени, зашто не го знаете денот во кој вашиот Господ ќе се врати. Но да знаете дека, кога еден домаќин би знаел во кое време на ноќта ќе му дојде крадец, тој би останал буден и не би дозволил да му провали во куќата! Значи, бидете духовно подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“
Матеј 24:37-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. Знајте го и тоа: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“
Матеј 24:37-44 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓа-њето на Човечкиот Син. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот, и не знаеја додека не дојде пото-пот и однесе сѐ, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син. Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен. Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена. Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ! А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мис-лите.“