Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 24:15-35

Матеј 24:15-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Значи, кога ќе видите дека богохулникот што пустоши се наместил на светото место за ова пишува пророкот Даниел, и секој читател треба да обрне внимание тогаш, оние што ќе се најдат во покраината Јудеја нека бегаат кон планините, тој што ќе се најде на покривот, да не слегува долу да земе нешто од покуќнината, а тој што е на нива, да не се враќа дома за да си го земе палтото! Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките! Молете Го Бога вашето бегство да не се случи зиме или во саботен ден! Зашто, тогаш ќе има такви маки, какви што немало од создавањето на светот досега, ниту пак ќе ги има во иднина. Да не беше предвидено скратување на тоа време, никој не би преживеал; но тоа време ќе се скрати, заради избраните од Бога.“ „Ако некој тогаш ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ не верувајте му! Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно. Еве, однапред ви кажав. Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ не верувајте им! Зашто, Синот Човечки ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад! Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците.“ „Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвезди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат. Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава. Тој ќе ги испрати Своите ангели со громогласен звук од труба да ги соберат Неговите избраници од сите четири страни на светот, од едниот до другиот крај на светот.“ „Сфатете ја оваа споредба преку примерот со смоквата: штом ќе ђ се подмладат гранките и ќе пуштат лисје, знаете дека наближува летото. Така и вие, кога ќе видите дека сите овие случки што ви ги опишав се одвиваат, ќе знаете дека дошло времето и веќе е на прагот. Ве уверувам дека сите овие настани ќе се одиграат пред да изумре оваа генерација. Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

Матеј 24:15-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чи­та нека разбере, тогаш оние, што се наоѓаат во Ју­де­ја, нека бегаат по планините; кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, нека не се враќа до­ма за да ги земе алиштата свои! Но тешко на бремените и на доил­ките во тие дни! Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; зашто тогаш ќе има страдања, как­ви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувај­те! Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. Ете, однапред ви кажав. И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во тајна соба е‘ – не верувајте! Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“ „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат си­те земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните об­ла­ци, со голема слава и сила; и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Не­говите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“ „Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу ле­тото. Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе минат, но збо­ровите Мои нема да минат.“

Матеј 24:15-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“И така, кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето - за која зборува пророкот Даниел - како стои на своето место; кој чита - нека разбере! - Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите; а кој ќе биде на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа; и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката! Горко им на бремените и на доилките во тие де-нови! Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота, зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде. И ако не би се скратиле тие дни, не би се спасило ниедно тело. Но заради избраните ќе бидат скратени тие дни.“ “Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте, зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. Ете, ви реков однапред! И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте. Зашто, како што молњата изле-гува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син. Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат!“ “Веднаш по тагата на тие денови, сонцето ќе потемни; месечината нема да ја дава својата светлина; и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и небесните сили ќе се расклатат. И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава. И Тој ќе ги испрати Своите ангели со силен глас на труба и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.“ “А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу. Така и вие, кога ќе го видите сѐ тоа, знајте дека е близу - пред вратата! Ви-стина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сѐ тоа. Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“