Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 24:1-8

Матеј 24:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога Исус го напушташе храмот во Ерусалим и си заминуваше оттаму, Неговите ученици Му пријдоа и почнаа да Му ги покажуваат градбите на храмот. А Тој им рече: „Ги гледате ли сите овие градби? Ве уверувам дека од нив нема да остане камен врз камен, зашто ќе бидат разурнати!“ Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: „Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?“ Исус им одговори: „Чувајте се некој да не ве заведе. Бидејќи мнозина ќе се појават под Моето име и ќе ви говорат: ,Јас сум Месијата!‘ и ќе измамат мнозина. Ќе избувнат војни во близина и војни во далечина. Да не ве обзема паника, зашто тоа мора да се случи, иако тоа не значи дека веќе дошол крајот. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки!“

Матеј 24:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде ур­нат.“ И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. Ќе слушате за војни и повици на војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. Зашто ќе се крене народ против на­род, и царство против царство, и на раз­ни места ќе има глад, помор и потреси; а сето тоа е почеток на страдањата.

Матеј 24:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се при-ближија за да Му ги покажат зградите на Храмот. А Тој им одго-вори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.“ Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите уче-ници дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?“ И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,“ и ќе заблудат мнозина. А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај. Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места. Но сѐ тоа е само почеток на страдањата.