Матеј 24:1-3
Матеј 24:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус го напушташе храмот во Ерусалим и си заминуваше оттаму, Неговите ученици Му пријдоа и почнаа да Му ги покажуваат градбите на храмот. А Тој им рече: „Ги гледате ли сите овие градби? Ве уверувам дека од нив нема да остане камен врз камен, зашто ќе бидат разурнати!“ Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: „Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?“
Матеј 24:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде урнат.“ И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“
Матеј 24:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се при-ближија за да Му ги покажат зградите на Храмот. А Тој им одго-вори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.“ Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите уче-ници дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?“