Матеј 24:1-2
Матеј 24:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус го напушташе храмот во Ерусалим и си заминуваше оттаму, Неговите ученици Му пријдоа и почнаа да Му ги покажуваат градбите на храмот. А Тој им рече: „Ги гледате ли сите овие градби? Ве уверувам дека од нив нема да остане камен врз камен, зашто ќе бидат разурнати!“
Матеј 24:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде урнат.“
Матеј 24:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се при-ближија за да Му ги покажат зградите на Храмот. А Тој им одго-вори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.“