Матеј 23:8-12
Матеј 23:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата. Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга, зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“
Матеј 23:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А вие немојте да се нарекувате ‚Рави‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној Небесниот; и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач – Христос. Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
Матеј 23:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко. Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос. А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.“