Матеј 23:37-39
Матеј 23:37-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте! Затоа, вашиот храм ќе ви се препушти вам и ќе запусти. Ви кажувам дека отсега нема да Ме видите си додека не речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ!‘“
Матеј 23:37-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, а вие не сакавте. Ете, ви се остава пуст вашиот дом. Зашто ви велам: нема да Ме видите од сега додека не кажете: ‚Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!‘“
Матеј 23:37-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Ерусалиме! Ерусалиме, што ги убиваш пророците и што ги каменуваш испратените при тебе! Колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачката ги собира своите пилиња под крилата, но не сакавте! Еве, ви се остава вашиот дом пуст! Зашто ви велам: отсега нема да Ме видите додека не речете: „Благословен е Оној, Кој доаѓа во Господово име!“