Матеј 23:1-4
Матеј 23:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици: „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат.
Матеј 23:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат.
Матеј 23:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Исус му рече на на-родот и на Своите ученици; говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, затоа сѐ што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! Туку врзуваат тешки и неподно-сливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат.