Матеј 22:8-10
Матеј 22:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.
Матеј 22:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
Матеј 22:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’ И слугите излегоа на патиштата и ги доведоа сите, кои ги најдоа: лошите и добрите, и свадбата се наполни со гости.