Матеј 22:1-9
Матеј 22:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘ Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘
Матеј 22:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ Но, тие не сакаа да знаат за тоа, туку си отидоа: кој на нива, кој по трговија; а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
Матеј 22:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус почна пак да им зборува и им рече во параболи, велејќи: “Небесното Царство приличи на цар, кој му направи свадба на сина си, и ги испрати своите слуги да ги пови-каат повиканите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат. Пак испрати други слуги, велејќи: ‘Речете им на повиканите: Еве, го приготвив својот ручек, моите јунци и згоените се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба!’ А тие не се грижеа и си отидоа: еден на својот имот, а друг по своја трго-вија; а другите ги фатија неговите слуги, ги навредија и ги убија. А царот се разгневи, ја испрати својата војска и ги погуби оние убијци и им го изгоре градот. Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’