Матеј 22:1-4
Матеј 22:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘
Матеј 22:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘
Матеј 22:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус почна пак да им зборува и им рече во параболи, велејќи: “Небесното Царство приличи на цар, кој му направи свадба на сина си, и ги испрати своите слуги да ги пови-каат повиканите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат. Пак испрати други слуги, велејќи: ‘Речете им на повиканите: Еве, го приготвив својот ручек, моите јунци и згоените се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба!’