Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22:1-22

Матеј 22:1-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја; а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. Кога влезе царот да ги види гости­те, забележа еден необлечен во свадбе­ни алишта. Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ зашто, мнозина се повикани, а мал­кумина избрани.“ Тогаш фарисеите отидоа и се дого­во­рија како да Го фатат во некој збор. И ги испраќаа кај Него своите уче­ници, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од ни­кого, зашто не гледаш кој е кој; затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“ Но Исус го проѕре лукавството нив­но и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? Покажете Ми една пара од да­но­кот.“ Тие Му донесоа еден денариј. И им рече: „Чиј е овој лик и потпис?“ Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И штом го чуја тоа, тие занемеа и, оставајќи Го, си отидоа.

Матеј 22:1-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘ Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости. Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи. Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘ Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус. Тогаш фарисеите се повлекоа и почнаа да се договараат како да го уловат Исус да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат. Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој. Кажи ни, тогаш, според Тебе, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император или не?“ А Исус, знаејќи ја нивната подмолна намера, им рече: „Лицемери едни! Зошто сакате да Ми поставите стапица? Покажете ми една римска пара со која плаќате данок!“ Тие му подадоа една пара, а Тој ги праша: „Чиј лик и име се втиснати на парава?“ „На императорот!“ му одговорија тие. Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога тоа што Му припаѓа на Бога!“ Тие останаа вчудовидени од ваквиот одговор, па Го оставија и си заминаа.

Матеј 22:1-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја; а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. Кога влезе царот да ги види гости­те, забележа еден необлечен во свадбе­ни алишта. Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ зашто, мнозина се повикани, а мал­кумина избрани.“ Тогаш фарисеите отидоа и се дого­во­рија како да Го фатат во некој збор. И ги испраќаа кај Него своите уче­ници, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од ни­кого, зашто не гледаш кој е кој; затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“ Но Исус го проѕре лукавството нив­но и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? Покажете Ми една пара од да­но­кот.“ Тие Му донесоа еден денариј. И им рече: „Чиј е овој лик и потпис?“ Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И штом го чуја тоа, тие занемеа и, оставајќи Го, си отидоа.

Матеј 22:1-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Исус почна пак да им зборува и им рече во параболи, велејќи: “Небесното Царство приличи на цар, кој му направи свадба на сина си, и ги испрати своите слуги да ги пови-каат повиканите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат. Пак испрати други слуги, велејќи: ‘Речете им на повиканите: Еве, го приготвив својот ручек, моите јунци и згоените се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба!’ А тие не се грижеа и си отидоа: еден на својот имот, а друг по своја трго-вија; а другите ги фатија неговите слуги, ги навредија и ги убија. А царот се разгневи, ја испрати својата војска и ги погуби оние убијци и им го изгоре градот. Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’ И слугите излегоа на патиштата и ги доведоа сите, кои ги најдоа: лошите и добрите, и свадбата се наполни со гости. А кога царот влезе да ги види гостите, виде таму еден човек, кој не беше облечен во свадбена облека. И му рече: ‘Пријателе, како влезе тука без свадбена руба?’ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на служителите: ‘Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и чкртање со забите!’ Зашто мнозина се повикани, но малку се избрани!“ Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат на збор. И Му ги испратија своите ученици, заедно со Иродовците, за да Му речат: „Учителе, знаеме дека си вистински и дека во вистина ги учиш луѓето на Божјиот пат, и не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето. И така, речи ни, што мислиш Ти! Дали е дозволено да му се дава данок на царот или не?“ А Исус, го разбра нивното лукавство и рече: “Зошто Ме искушувате, лицемери? Покажете ми даночна монета!“ Тие Му донесоа денариј. 20 И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?“ Му рекоа: „На ца-рот!“ Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И штом го чуја тоа, се зачудија, па Го оставија, и си отидоа.“