Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22:1-14

Матеј 22:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘ Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости. Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи. Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘ Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.

Матеј 22:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја; а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. Кога влезе царот да ги види гости­те, забележа еден необлечен во свадбе­ни алишта. Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ зашто, мнозина се повикани, а мал­кумина избрани.“

Матеј 22:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Исус почна пак да им зборува и им рече во параболи, велејќи: “Небесното Царство приличи на цар, кој му направи свадба на сина си, и ги испрати своите слуги да ги пови-каат повиканите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат. Пак испрати други слуги, велејќи: ‘Речете им на повиканите: Еве, го приготвив својот ручек, моите јунци и згоените се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба!’ А тие не се грижеа и си отидоа: еден на својот имот, а друг по своја трго-вија; а другите ги фатија неговите слуги, ги навредија и ги убија. А царот се разгневи, ја испрати својата војска и ги погуби оние убијци и им го изгоре градот. Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’ И слугите излегоа на патиштата и ги доведоа сите, кои ги најдоа: лошите и добрите, и свадбата се наполни со гости. А кога царот влезе да ги види гостите, виде таму еден човек, кој не беше облечен во свадбена облека. И му рече: ‘Пријателе, како влезе тука без свадбена руба?’ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на служителите: ‘Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и чкртање со забите!’ Зашто мнозина се повикани, но малку се избрани!“