Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:33-44

Матеј 21:33-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Исус продолжи да им зборува на свештеничките поглавари и на народните старешини: „Слушнете ја и оваа приказна. Си беше еднаш еден домаќин, кој насади лозје, го огради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат. Кога дојде време за гроздобер, тој ги испрати своите слуги кај лозарите, за да му го донесат делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите ги фатија слугите и едни претепаа, други убија, а некои каменуваа. Тогаш сопственикот повторно испрати слуги, овојпат во поголем број, но и со нив постапија на ист начин. Најпосле, сопственикот го испрати својот син, велејќи: ,Белки ќе имаат почит спрема син ми!‘ Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ Го зграпчија, го исфрлија од лозјето и го убија. Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ ги запраша Исус. А тие Му одговорија: „Сигурно ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари, кои навреме ќе му го даваат плодот што му припаѓа.“ Исус им рече: „Зар не сте читале што вели Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана каментемелник. Тоа го направи Господ, како прекрасна глетка пред нашите очи!‘“ „Затоа“ им рече Исус „од вас ќе се одземе Божјото царство и ќе им се даде на луѓе кои донесуваат достоен плод.“ („Кој ќе падне врз тој камен ќе се распарчи, а врз кого ќе падне тој камен ќе го згмечи!“)

Матеј 21:33-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го за­гради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако им го предаде на ло­за­ри­те, си отиде. И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слу­ги за да му ги приберат плодовите. Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој испрати сега други слуги, по­ве­ќе од првите; но и со нив постапија ис­то. Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘ Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме нас­ледството негово.‘ Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ Му одговорија: „Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘ Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови. И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“

Матеј 21:33-44 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!“ Но земјо-делците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!“ И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?“ Му одговорија: „Овие злосторници тој бедно ќе ги уништи, а лозјето ќе им го даде под наем на други земјоделци, кои ќе му ги даваат плодовите во нивно време.“ Исус им рече: „Зар не сте прочитале никогаш во Писмата: „Каменот што го отфрлија ѕидарите; тој стана крајаголен камен; од Госпо-да е тоа и чудесно е во нашите очи.“ Затоа ви велам, дека ќе ви биде одземено Божјото Царство и ќе му биде дадено на народ, кој ќе ги донесува неговите плодови! И кој ќе падне врз тој камен - ќе се разбие; а врз кого ќе падне тој - ќе го здроби.“