Матеј 21:23-46
Матеј 21:23-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус дојде во храмот и почна да поучува, Му пристапија свештеничките поглавари и народните старешини и Го прашаа: „Со какво право го правиш ова? Кој те овластил?“ Одговарајќи на ова, Исус им рече: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми одговорите ќе ви кажам и Јас со какво право го правам ова. Од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога или од луѓето?“ Тие почнаа меѓу себе да си шепотат: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте?‘ Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, се плашиме од народот, зашто сите го сметаа Јована за пророк.“ Затоа, тие Му одговорија: „Не знаеме!“ Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“ Потоа Исус им рече: „Што мислите за ова што ќе ви го кажам: еден човек имаше два сина. Отиде кај постариот и му рече: ,Синко, ајде појди на лозјето и работи денес таму.‘ Тој му одговори: ,Не сакам!‘ Но подоцна се премисли и отиде. Таткото отиде и кај помладиот син и му го кажа истото, на што овој рече: ,Ќе одам, господине‘, но не отиде. Кој од двајцата ја изврши татковата волја?“ Тие Му одговорија: „Постариот!“ Тогаш Исус им рече: „Ве уверувам дека собирачите на данок и блудниците попрвин ќе доспеат во небесното царство отколку вие! Бидејќи, Јован Крстител дојде кај вас за да ви го покаже патот на праведноста, но вие не му верувавте, додека собирачите на данок и блудниците му веруваа. Дури ни откако го видовте тоа, вие не се покајавте и не му поверувавте.“ Исус продолжи да им зборува на свештеничките поглавари и на народните старешини: „Слушнете ја и оваа приказна. Си беше еднаш еден домаќин, кој насади лозје, го огради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат. Кога дојде време за гроздобер, тој ги испрати своите слуги кај лозарите, за да му го донесат делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите ги фатија слугите и едни претепаа, други убија, а некои каменуваа. Тогаш сопственикот повторно испрати слуги, овојпат во поголем број, но и со нив постапија на ист начин. Најпосле, сопственикот го испрати својот син, велејќи: ,Белки ќе имаат почит спрема син ми!‘ Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ Го зграпчија, го исфрлија од лозјето и го убија. Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ ги запраша Исус. А тие Му одговорија: „Сигурно ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари, кои навреме ќе му го даваат плодот што му припаѓа.“ Исус им рече: „Зар не сте читале што вели Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана каментемелник. Тоа го направи Господ, како прекрасна глетка пред нашите очи!‘“ „Затоа“ им рече Исус „од вас ќе се одземе Божјото царство и ќе им се даде на луѓе кои донесуваат достоен плод.“ („Кој ќе падне врз тој камен ќе се распарчи, а врз кого ќе падне тој камен ќе го згмечи!“) Слушајќи ги Исусовите споредби, свештеничките поглавари и фарисеите сфатија дека се однесуваат на нив. Затоа, тие сакаа да Го уапсат, но се плашеа од народот, кој Го сметаше Исуса за пророк.
Матеј 21:23-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога дојде Тој во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа. Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако кажеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ А ако речеме: – од луѓето, се плашиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“ И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“ „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. Дојде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо: зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“ „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако им го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да му ги приберат плодовите. Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто. Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘ Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘ Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ Му одговорија: „Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘ Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови. И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив, па гледаа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.
Матеј 21:23-46 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?“ А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Од каде беше Јова-новото крштавање? Од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа во себе, велејќи:“ Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’ А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.“ И Му одго-ворија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.“ “Но, како ви се гледа? Еден човек имаше два сина, па дојде при првиот и му рече: ‘Синко, оди и работи денес во лозјето!’ Тој одговори и рече: ’Нејќам!’ - но после се предомисли и отиде. Дојде при вториот и му рече исто така. А тој одговори и рече: ‘Одам, господаре’ и не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Рекоа: „Првиот!“ Исус им рече: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство. Зашто, Јован дојде при вас по патот на правдата и не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа. А вие видовте, но не се покајавте после, за да му поверувате.“ “Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!“ Но земјо-делците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!“ И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?“ Му одговорија: „Овие злосторници тој бедно ќе ги уништи, а лозјето ќе им го даде под наем на други земјоделци, кои ќе му ги даваат плодовите во нивно време.“ Исус им рече: „Зар не сте прочитале никогаш во Писмата: „Каменот што го отфрлија ѕидарите; тој стана крајаголен камен; од Госпо-да е тоа и чудесно е во нашите очи.“ Затоа ви велам, дека ќе ви биде одземено Божјото Царство и ќе му биде дадено на народ, кој ќе ги донесува неговите плодови! И кој ќе падне врз тој камен - ќе се разбие; а врз кого ќе падне тој - ќе го здроби.“ И кога првосвеште-ниците и фарисеите ги чуја тие Негови параболи, разбраа дека зборува за нив. И гледаа да Го фатат, но се боеја од народот, зашто Го сметаше за пророк.