Матеј 21:14-17
Матеј 21:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во храмот Му доаѓаа на Исус слепи и сакати и Тој ги исцелуваше. Но свештеничките поглавари и вероучителите се разгневија кога ги видоа чудата што Исус ги правеше и радосните извици на децата во храмот кои извикуваа: „Спаси ни сега, Давидов Сине!“ И Му рекоа: „Слушаш ли што извикуваат децата!?“ А Исус им одговори: „Да! Зар во Псалмите не сте го читале ова: ,Усните на малите деца и на доенчињата ќе Ти оддаваат слава, Господе!?‘“ Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.
Матеј 21:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојдоа кај Него во храмот слепи и куци, и Тој ги излекува. А првосвештениците и книжниците, гледајќи ги чудесните дела што ги направи Тој, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот Син!“, се разгневија, и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на новороденчињата и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба?‘“ И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќи.
Матеј 21:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Му пристапија слепи и хроми, во Храмот, и ги излекува. А кога првосвештениците и книжниците ги видоа чудесата што ги направи, и децата, кои викаа во Храмот: „Осана на Давидовиот Син!“, се налутија и Му рекоа: „Слушаш ли што зборуваат овие?“ А Исус им рече: „Да, зар не сте читале никогаш: ‘Од устата на децата и доилчињата, Си приготви пофалба?’“ И ги остави и излезе од градот во Витанија и преноќева таму.