Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:1-9

Матеј 21:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Пристигнувајќи во близина на Ерусалим, дојдоа во градот Бетфага, на Маслиновата Гора, од каде што Исус испрати двајца од Своите ученици, порачувајќи им вака: „Отидете во селото пред вас; таму веднаш ќе најдете врзана магарица со нејзиното младо магаренце. Одврзете ги и доведете Ми ги овде. Ако некој нешто ви приговори, кажете му дека му се потребни на Господарот и тој веднаш ќе ги пушти.“ Ова се случуваше за да се исполни претскажаното од пророкот Захарија: „Порачајте му на Ерусалим: Еве Го, иде Твојот цар, понизно јавајќи на магарица и на магаренце -рожбата на магарицата.“ Учениците отидоа и го извршија она што им го беше заповедал Исус: ги доведоа магарицата и младото магаренце, ги ставија врз нив своите облеки и Исус седна на нив. Голем број луѓе ги постилаа своите облеки по патот; други кршеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа на патот. А народот што врвеше пред Исус, како и оние што одеа по Него, воскликнуваа, извикувајќи: „Спаси ни сега, Давидов Сине! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Спаси ни сега Ти, Кој доаѓаш од небесните височини!“

Матеј 21:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога наближија до Ерусалим и дој­доа до Витфагија, кај Мас­ли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете вр­зана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“ А сето тоа стана за да се исполни ка­жаното преку пророкот, кој вели: „Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре.“ Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус. Ги дотераа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив. А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, се­чеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Си­нот Давидов! Благословен е Тој што до­аѓа во името Господово! Осана на висините!“

Матеј 21:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Вит-фагија при Маслиновата Гора, тогаш Исус испрати два ученика, велејќи: “Отидете во селото што е пред вас! Таму ќе најдете веднаш врзана ослица и осле со неа. Од-врзете ги и доведете Ми ги! И ако некој ви рече нешто, речете му: ‘Потребни Му се на Господа’, и веднаш ќе ги пушти. А тоа стана, за да се исполни кажаното преку пророкот кој вели: “Кажете ѝ на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!“ Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благо-словен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!“