Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 20:17-24

Матеј 20:17-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Одејќи кон Ерусалим, Исус ги тргна настрана дванаесеттемина и додека чекореа по патот, им рече: „Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите. Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“ Тогаш кај Исус дојде мајката на Завдаевите синови, заедно со своите двајца синови, Јаков и Јован, клекна пред Него и Го замоли за една услуга. „Што сакаш?“ ја праша Исус. „Дај им на моиве два сина почесни места од Твојата десна и лева страна во Твоето царство“ Му рече таа. Исус им се обрати на двајцата нејзини синови и им рече: „Не знаете што барате. Ќе можете ли да пиете од чашата на Моите страдања, од која Јас ќе пијам?“ А тие Му одговорија: „Ќе можеме!“ „Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“ Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа.

Матеј 20:17-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече: „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“ Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­ле­ше нешто. А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крш­тавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Мо­же­ме.“ И им рече: „Чашата Моја ќе ја пи­е­те, и со крштавањето, со кое се кршта­вам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не за­виси од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ И десетте, штом го чуја тоа, негоду­ваа против двајцата браќа.

Матеј 20:17-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога Исус се искачуваше кон Ерусалим, ги зеде Дванаесетми-ната насамо и им рече патем: “Еве, одиме горе кон Ерусалим, и Човечкиот Син ќе им биде преда-ден на првосвештениците и книж-ниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе им Го предадат на многу-бошците, за да Му се потсмеват, да Го бијат и да Го распнат, и на третиот ден ќе воскресне.“ Тогаш мајката на Заведеевите синови Му пристапи заедно со своите синови, поклонувајќи Му се, за да измоли нешто од Него. А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Му одговори: „За-поведај овие мои два сина да седнат, едниот до Твојата десна, а другиот до Твојата лева страна, во Твоето Царство!“ А Исус одговори и рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата, што ќе ја пијам Јас, или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам Јас.“ Му рекоа: „Мо-жеме.“ Им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете; и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил.“ И кога го чуја тоа десетмината, се налутија на двата брата.