Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 2:7-12

Матеј 2:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Ирод скришно ги повика мудреците и од нив го дозна точното време кога се појавила ѕвездата. Потоа ги испрати за Витлеем, порачувајќи им вака: „Одете и подробно распрашајте се за Детето; штом ќе го најдете, јавете ми да појдам и јас да Му се поклонам.“ Откако го ислушаа царот, тие тргнаа на пат. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на Исток одново се појави и ги водеше си до местото каде што се наоѓаше Детето. Кога видоа дека ѕвездата запре, тие бликнаа од радост! Влегувајќи во куќата, Го видоа Детето и мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија. Потоа, ги отворија своите ковчежиња и Го даруваа со злато, со ливан и со смирна. Потоа тие си заминаа за својата земја по друг пат, откако Бог насон ги предупреди да не се враќаат кај Ирод.

Матеј 2:7-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив за времето кога се појавила ѕвездата, па, испраќајќи ги во Витлеем, им ре­че: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да одам и јас да Му се поклонам.“ Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот. А кога ја видоа ѕвездата, тие се за­радуваа со многу голема радост. И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отво­рија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. И откако примија предупредување на сон, не се вратија веќе кај Ирод, туку си заминаа по друг пат за својата земја.