Оди на содржината

Матеј 2:5-6 - Спореди ги сите верзии

Матеј 2:5-6 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: ‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израел.‘“

Матеј 2 MK2006

Матеј 2:5-6 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Тие му одговорија: „Во градот Витлеем, кој се наоѓа во покраината Јудеја; зашто, еве како запишал пророкот Михеј: Ти Витлееме, во јудејската земја, по ништо не заостануваш зад водечките градови во Јудеја, зашто од тебе ќе произлезе Водач Кој ќе му биде Пастир на мојот народ Израел.‘“

Матеј 2 MNT

Матеј 2:5-6 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така: ’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.’

Матеј 2 MKB