Матеј 2:16
Матеј 2:16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.
Матеј 2:16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки новороденчиња во Витлеем и по целата негова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
Матеј 2:16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците.