Матеј 2:13-15
Матеј 2:13-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По заминувањето на мудреците, на Јосиф му се јави насон ангел Господов и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и бегај во Египет; остани таму додека не ти се јавам, зашто Ирод ќе го бара Детето за да Го убие.“ Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му Марија и ноќта заминаа за Египет. И останаа таму си до смртта на Ирод. Со ова се исполнуваше претскажаното од Бог преку пророкот Осија: „Од Египет го повикав Мојот Син.“
Матеј 2:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.“ И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“
Матеј 2:13-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон и му рече: „Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“ И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет; и таму беше до Иродо-вата смрт; за да се исполни реченото од Господа преку пророкот кој вели: „Од Египет Го повикав Својот Син.“