Матеј 2:1-4
Матеј 2:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус се роди во градот Витлеем, во покраината Јудеја, во времето кога таму владееше царот Ирод. Тогаш во Ерусалим допатуваа неколку мудреци од некоја источна земја и почнаа да се распрашуваат: „Каде е новородениот јудејски Цар? Видовме кога на исток се појави Неговата ѕвезда и дојдовме да Му се поклониме.“ Кога го слушна ова, царот Ирод се вознемири, а со него и целиот Ерусалим. Тој ги повика сите поглавари меѓу свештениците и сите вероучители меѓу народот, за да ги праша, каде треба да се роди Месијата.
Матеј 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од исток и рекоа: „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на исток, па дојдовме да Му се поклониме.“ Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири и цел Ерусалим со него. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници од народот, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?“
Матеј 2:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.“ Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него. И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос.