Матеј 19:16-17
Матеј 19:16-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еднаш, кај Исус дојде еден млад човек и го праша: „Добар Учителе, какви добри дела треба да направам за да се здобијам со вечен живот?“ А Исус му одговори: „Зошто ме прашуваш во врска со доброто? Има само Еден што е добар а тоа е Бог. Ако сакаш да добиеш вечен живот, придржувај се кон Божјите заповеди.“
Матеј 19:16-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“ А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Само Еден е добар. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“
Матеј 19:16-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?“ А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!“