Матеј 18:8-9
Матеј 18:8-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Ако твојата рака или нога те наведува на грев отсечи ја и фрли ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една рака или со една нога, отколку со двете да завршиш во вечниот оган! Или, ако твоето око те наведува на грев извади го и фрли го! Подобро е да влезеш во вечниот живот, макар и со едно око, отколку со две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол!“
Матеј 18:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
Матеј 18:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Ако твојата рака или твојата нога те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот фатен и хром, отколку имајќи две раце или две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган. И ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во пеколот огнен.“