Оди на содржината

Матеј 18:6-9 - Спореди ги сите верзии

Матеј 18:6-9 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

„Кој ќе соблазни едно од овие ма­ли, за него е подобро да му се обеси во­денички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого до­аѓа соблазната. Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од се­бе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за те­бе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да би­деш фрлен во огнениот пекол.“

Матеј 18 MK2006

Матеј 18:6-9 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

„Ако некој биде причинител за отстапување од верата во Мене на едно од овие најмаливе, подобро би му било да си стави воденички камен околу вратот и да се удави на дното од морето! Страшно е што на светот има причинители поради кои луѓе отпаѓаат од верата. Навистина, такви секогаш има, но тешко си му на оној преку кого причините за невера доаѓаат!“ „Ако твојата рака или нога те наведува на грев отсечи ја и фрли ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една рака или со една нога, отколку со двете да завршиш во вечниот оган! Или, ако твоето око те наведува на грев извади го и фрли го! Подобро е да влезеш во вечниот живот, макар и со едно око, отколку со две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол!“

Матеј 18 MNT

Матеј 18:6-9 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина. Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно соблазните ќе дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната!“ “Ако твојата рака или твојата нога те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот фатен и хром, отколку имајќи две раце или две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган. И ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во пеколот огнен.“

Матеј 18 MKB