Матеј 18:6-7
Матеј 18:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Ако некој биде причинител за отстапување од верата во Мене на едно од овие најмаливе, подобро би му било да си стави воденички камен околу вратот и да се удави на дното од морето! Страшно е што на светот има причинители поради кои луѓе отпаѓаат од верата. Навистина, такви секогаш има, но тешко си му на оној преку кого причините за невера доаѓаат!“
Матеј 18:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Кој ќе соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
Матеј 18:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина. Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно соблазните ќе дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната!“