Матеј 18:32-35 - Спореди ги сите верзии
Матеј 18:32-35 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш господарот негов го повика и рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше; не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘ И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му прости од срце на брата си.“
Матеј 18:32-35 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг. Не требаше ли да му се смилуваш на твојот другар како што јас ти се смилував!?“ Царот беше толку лут, што го фрли овој слуга в затвор, додека не му го врати целиот долг. Така ќе постапи со вас и Мојот небесен Татко, доколку од срце не си простувате едни на други.“
Матеј 18:32-35 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше. Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’ И неговиот господар се разгневи и им го пре-даде на мачителите, додека му исплати сѐ што му должеше. Така и Мојот небесен Татко ќе ви направи вам, ако секој од вас не му ги прости од срце престапите на својот брат.“