Матеј 17:14-18
Матеј 17:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена, и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода. Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“ Потоа со заповед го избрка демонскиот дух од него и во истиот миг момчето оздраве.
Матеј 17:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нова месечина го напаѓа зол дух и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; го одведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ А Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ И му нареди Исус на демонот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час.
Матеј 17:14-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога дојдоа при мноштвото, еден човек Му пристапи, падна на колена пред Него и рече: “Госпо-ди, смилувај му се на мојот син, зашто е месечар и се мачи многу; зашто често паѓа во огнот и често во водата. И го доведов при Твоите ученици, а тие не можеа да го исцелат.“ И Исус одговори и рече: „О, неверен и развратен роде! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука.“ И Исус го прекори, и излезе демонот од него, и момчето беше исцелено од тој час.