Матеј 15:17-19
Матеј 15:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не сфаќате ли дека си што се јаде преку устата минува низ стомакот и се исфрла надвор? А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот. Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот.
Матеј 15:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор? А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот; зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули
Матеј 15:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули.