Матеј 14:19-21
Матеј 14:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето. Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници полни со парчиња што преостанаа. Тие што јадеа беа на број околу пет илјади мажи, а имаше и жени и деца.
Матеј 14:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
Матеј 14:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И заповеда народот да седне по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото и благослови; ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на мноштвата. И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, дванаесет кошеви полни. А оние, кои јадеа, беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.