Матеј 13:40-43
Матеј 13:40-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што каколот се собира и се фрла в оган, така ќе биде и на крајот на светот. Јас, Синот Човечки, ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат сите оние кои поттикнуваат на грев и сите злосторници; тие ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонца во царството на Својот небесен Татко. Кој има уши, нека слуша!“
Матеј 13:40-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите причинители на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела, и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Матеј 13:40-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие, и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби. Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!“