Матеј 13:37-43
Матеј 13:37-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус им одговори: „Човекот што сее чисто семе сум Јас, Синот Човечки. Нивата го претставува светот. Чистото семе ги претставува следбениците на Божјото царство. Каколот ги претставува следбениците на Ѓаволот. Непријателот што го сее каколот е Ѓаволот. Жетвата е крајот на светот, а жетвари се ангелите. Како што каколот се собира и се фрла в оган, така ќе биде и на крајот на светот. Јас, Синот Човечки, ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат сите оние кои поттикнуваат на грев и сите злосторници; тие ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонца во царството на Својот небесен Татко. Кој има уши, нека слуша!“
Матеј 13:37-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. Нивата е овој свет; доброто семе – тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите причинители на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела, и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Матеј 13:37-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот, а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели. Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие, и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби. Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!“