Матеј 13:11-13
Матеј 13:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А Тој им одговори: „Вам ви е дадено да ги запознавате тајните на небесното царство, но ним не им е. Зашто, на оној што е отворен за она што Јас го поучувам, ќе му биде дадено уште подлабоко разбирање; а на оној што не сака да Ме слуша, ќе му се земе и она што го има. Им зборувам преку споредби бидејќи тие, имајќи очи, не гледаат, и имајќи уши не слушаат, ниту пак се трудат да разберат.
Матеј 13:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат
Матеј 13:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.