Матеј 12:18-21
Матеј 12:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Еве Го Мојот избран слуга, Мојот Љубимец, задоволството на Мојата душа! Нему ќе Му го дадам Мојот Дух, Тој ќе им ја објави Мојата правда на народите. Нема да се расправа, ниту пак ќе вика гласот нема да му одекнува по улиците. Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска, нема да ја угасне и најмалата надеж, макар таа да е како фитил што тлее, си додека правдата не победи. А сите народи ќе ја положат својата надеж во Неговото име.“
Матеј 12:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, што го благоволи Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави правда. Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите. Трските прекршени нема да ги докрши, ниту запалените светила ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа. И во Неговото име народите ќе ја положат својата надеж.“
Матеј 12:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Еве Го Мојот Слуга, Кого Го избрав; Мојот Возљубен, во Кого Ми е милината на Мојата душа. Ќе Го положам Мојот Дух на Него и ќе им објави суд на народите. Нема да се препира, ниту ќе вика, ниту некој ќе го чуе Неговиот глас по улиците. Нема да докрши прекршена трска, ниту ќе угасне фитиљ што тлее, додека го изведе судот кон победа. И народите ќе се надеваат во Неговото Име.“