Матеј 11:23 - Спореди ги сите верзии
Матеј 11:23 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.
Матеј 11:23 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
А ти, граде Кафарнауме што сакаш до небото да се издигнеш! Ете, до адот ќе се струполиш! Да беа во Содом извршени чудата што ги виде ти, тој град до денес ќе постоеше.
Матеј 11:23 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.