Матеј 11:1-4
Матеј 11:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус им ги предаде овие упатства на Своите дванаесет ученици, си замина оттаму и отиде да поучува и проповеда по нивните градови. Кога Јован Крстител, кој беше во затвор, слушна за она што го прави Месијата, тој испрати двајца од своите ученици да Го прашаат: „Ти ли си Месијата што требаше да дојде, или некој друг да чекаме?“ Исус им одговори: „Вратете се кај Јован и кажете му го тоа што го слушате и гледате
Матеј 11:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови. А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате
Матеј 11:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус заврши заповедувајќи им на Своите дванаесет ученици, замина оттаму да поучува и да проповеда во нивните градови. Кога Јован чу во темницата, за делата на Христос, испрати двајца од своите ученици, и Му рече: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да очекуваме друг?“ Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате