Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 8:49-56

Лука 8:49-56 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Додека Исус го зборуваше ова, пристигна гласник од куќата на управникот на синагогата, Јаир, и му рече: „Ќерка ти почина. Не додевај Му повеќе на Учителот!“ Исус го чу тоа и му рече на управникот: „Не плаши се! Само верувај и таа ќе оздрави!“ Пристигнувајќи во куќата, Исус не дозволи никој да влезе со Него, освен Петар, Јаков, Јован и родителите на девојчето. Сите веќе плачеа и го оплакуваа девојчето, а Исус рече: „Не плачете! Девојчето не е мртво, туку спие!“ Тие Му се потсмеваа, зашто знаеја дека девојчето е мртво. Исус ја фати за рака и гласно извика: „Девојко, стани!“ Тогаш нејзиниот дух и се врати и таа веднаш стана, а Исус нареди да и дадат нешто да јаде. Нејзините родители останаа вчудовидени, а Исус им нареди никому да не кажуваат за ова што се случи.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност