Лука 8:2-3
Лука 8:2-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во Негова придружба беа дванаесеттемина Негови ученици и извесен број жени што ги беше исцелил од демонски духови и од разни болести. Меѓу нив беа: Марија, наречена Магдалена, од која Исус истера седум демони; Јоана - сопруга на Иродовиот висок службеник, Куза; потоа Сузана и многу други жени кои од своите лични средства ги помагаа Исуса и Неговите ученици.
Сподели
Прочитај Лука 8Лука 8:2-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони; и Јоана, жената на Хуза, настојникот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
Сподели
Прочитај Лука 8