Лука 5:12-16
Лука 5:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еднаш, Исус беше во еден град, кога одненадеж Му пријде еден човек заболен од лепра. Кога Го забележа Исуса, тој падна ничкум пред Него и почна да Го моли: „Господине, ако сакаш, Ти можеш да ме исчистиш!“ Исус ја испружи Својата рака и го допре, велејќи: „Сакам! Биди чист!“ И лепрата веднаш исчезна од него. Исус му нареди никому да не кажува, туку да оди право кај свештеникот за да биде прегледан, а потоа да принесе жртва согласно со Мојсеевиот Закон, како сведоштво за другите. Но вестите за Исус сe повеќе се ширеа и многуброен народ доаѓаше да Го слуша и да биде исцелен од своите болести. Тој, пак, честопати се повлекуваше на пусти места, каде што во осаменост се молеше.
Лука 5:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога беше Исус во еден град, дојде некој човек, сиот лепрозен, и штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.“ Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. И му заповеда никому да не кажува; и му рече: „Оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“ Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу луѓе доаѓаа да Го слушаат и да бидат излечени од своите болести. А Тој се повлекуваше во осамени места и се молеше.
Лука 5:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога беше во еден град, ете, човек целиот лепрозен, штом Го виде Исуса падна ничкум и Го замоли, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Тогаш ја протегна раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. И му заповеда никому да не му кажува, туку му рече: „Оди, покажи му се на свештеникот и принеси жртва за твоето очистување, како што заповеда Мојсеј, ним за сведоштво!“ А гласот за Него сѐ повеќе се разнесуваше и големо множество народ доаѓаше да Го слуша и да се лечи од своите болести. А Тој се повлекуваше во пустината и се молеше.