Лука 22:31-34
Лука 22:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица; но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“
Лука 22:31-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус продолжи: „Симоне, Симоне! Еве, Сатаната побара дозвола да ве искуша сите. Тој ќе се обиде да ве просее, како што земјоделецот ја просејува пченицата. А Јас се молев за тебе, Симоне, да не потклекнеш во твојата вера. Така и ти, кога повторно ќе се вратиш кај Мене, поткрепувај ги своите пријатели христијани!“ Петар одговори: „Господе! Јас сум готов да одам со Тебе и во затвор и во смрт!“ Но Исус му рече: „Еве, ти кажувам, Петре, пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одрекуваш дека воопшто Ме познаваш!“
Лука 22:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица; но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“
Лука 22:31-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“И рече Господ: Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. 33 А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!“ А тој Му одговори: „Гос-поди, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.“ А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!“