Лука 13:3-5
Лука 13:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така! И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим! Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“
Лука 13:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете! Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од сите други што живеат во Ерусалим? Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Лука 13:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.“