Лука 1:31-33
Лука 1:31-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус. Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид. Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков и Неговото царство ќе нема крај.“
Лука 1:31-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“
Лука 1:31-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”