Левитска 9:22-24
Левитска 9:22-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа слезе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир. А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе: и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.
Левитска 9:22-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Арон ги подигна своите раце кон народот и го благослови. Откако ги принесе: жртвата за грев, паленицата и помирителната жртва, слезе. Потоа Мојсеј и Арон влегоа во Шаторот на средбата. Кога излегоа го благословија народот. Господовата слава му се покажа на целиот народ. Оган излезе од пред Господа и ги изгоре паленицата и лојта. Целиот народ го виде тоа, воскликна од радост и падна на своето лице.