Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 9:1-7

Левитска 9:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старе­шините израелски, па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ. И на старешините израелски кажи им: земете козел за жртва за грев, и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица, а и теле, и овен за принесување жрт­ва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“ Зедоа сѐ како што им заповеда Мој­сеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот на­род, па застана пред Господ. Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“ Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“

Левитска 9:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

На осмиот ден Мојсеј ги повика Арона и неговите синови и израелевите старешини, и му рече на Арона: „Земи едно теле за жртва за грев и еден овен за паленица, двата без недостаток, и принеси ги пред Господа. А на синовите Израелеви речи им вака: ‘Земете еден јарец за жртва за грев, теле и јагне годиначе, без недостаток, за паленица; а јунец и овен за помирителна жртва за да ги жртвувате пред Господа; најпосле лебен принос, замесен со масло; зашто Господ ќе ви се јави денес.’“ Тие доведоа пред Шаторот на средбата што им нареди Мојсеј; сета заедница истапи напред и застана пред Господа. „Ова е повелбата - рече Мојсеј - што Господ ја даде. Извршете ја, за да ви се покаже Господовата слава.“ Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Пристапи кон народот, принеси ја твојата жртва за грев и твојата паленица; и направи покривање на гревот за себеси и народот, и принеси принос од народот, и направи покривање на гревот за него, како што Господ нареди.“