Левитска 18:1-5
Левитска 18:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите Израелови и речи им: Јас сум Господ Бог ваш. Не постапувајте како што се постапува во египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни така како што постапуваат во земјата хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони. Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, постапувајќи според нив. Јас сум Господ, Бог ваш. Пазете ги сите Мои заповеди и сите Мои закони и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ќе биде. Јас сум Господ.
Левитска 18:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог. Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи! Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог. Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’